- Македонски
- English
БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА КАКО ОСНОВНО ПРАВО ОД РАБОТЕН ОДНОС НА РАБОТНИЦИТЕ
Втората Синдикална Академија организирана од Синдикат за градежништво - СГИП во период 01-03.09.2023та година во Охрид.
На обуката учество земаа 56 учесници од повеќе Синдикални организации додека обучувачи беа експерти од областа, Милан Петковски и Снежана Јанкова Петковска, дипломирани инженери за заштита при работа. Опфатени беа повеќе теми од областа на градежништвото и индустријата за градежни материјали, условите за работа, законската рамка и последните измени на Законот за работни односи кои се опасни по живот за нашите работници, имајќи во предвид колку работни часови се дозволени како редовни во истиот.
Покрај Претседателот на СГИП на Академијата се обрати и Претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов и Претседателот на Агро-Синдикат, Игор Китаноски кои исто така потенцира дека покрај градежништвото и агро индустријата е мета на повреди и жртви.
На овогодишната академија на покана на СГИП имаше и гости од Р.Србија и Косово кои исто така споделуваа свои искуства.
Синдикалното образование е клучно за нови синдикални кадри кои СГИП продолжува секоја година да ги гради и доусовршува