- Македонски
- English


БИДИ ЧЛЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ – ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ!
МПС НУДИ КОНКРЕТНИ ПРИДОБИВКИ ЗА СЕКОЈ СВОЈ ЧЛЕН
Безкаматни позајмици
До 40.000 денари.
Отплата на 10 еднакви месечни рати преку административна задршка на плата.
Колку земаш-толку враќаш
Двојно осигурување за секој член
Осигурување од несреќен случај (смрт како последица на несреќен случај, траен инвалидитет, дневен надомест и трошоци за лекување).
Ризичко осигурување во случај на смрт од болест.
Солидарен фонд
30% од членарината се издвојуваат за Солидарниот фонд на МПС, од кој се доделува неповратна парична помош на членовите согласно Правилникот за работа на Фондот.
Бесплатна правна помош и правна заштита преку правниот тим на МПС
Застапување на членовите во дисциплински, управни, граѓански и судски постапки.
Стручна правна поддршка при остварување и заштита на правата од работен однос.
Над 40% успешно отфрлени или запрени дисциплински постапки благодарение на правната заштита што ја обезбедува МПС.
Поволности за мобилна телефонија
Можност за користење телефонски броеви од мобилниот оператор А1 по најповолни тарифи во Македонија, наменети само за членовите на МПС.
Попусти и поволности кај над 300 партнери
Попусти при плаќање во готово со важечка членска легитимација на МПС.
Можност за купување на рати по повластени цени без камата.
Поволности кај над 300 договорни партнери на Македонскиот полициски синдикат.
Повеќе за членовите
50% од членарината се враќа кај членовите преку подароци и донации.
Новогодишни подароци, подароци по повод 8 Март и други пригодни активности.
Поддршка за основните организации
20% од членарината се инвестираат во основните организации и Советите на МПС преку набавка на техничка опрема, бела техника и друга неопходна поддршка.
Почит кон пензионерите
Подарок и внимание за пензионираните членови на Македонскиот полициски синдикат.
МПС НЕ Е САМО СИНДИКАТ – МПС Е СИГУРНОСТ, ПРАВДА И СОЛИДАРНОСТ.
ЧЛЕНАРИНАТА НЕ Е ТРОШОК – ТАА Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО ВАШАТА СИГУРНОСТ, ПРАВНА ЗАШТИТА, ПОВОЛНОСТИ И ПОДОБАР СТАТУС.
Со почит,
МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ