Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Час поскоро да се синдикализираат сите што соработуваат со германски компании

Додека нашите колеги од синдикатите прават напори да остварат барем контакт во индустриските зони каде што работат компании со германски капитал или пак компании кои што соработуваат со германски компании и се задушуваше секаква синдикална активност, со помош на нашите колеги од германските синдикати остварен е значаен успех и тоа во Германија.

Македонските компании кои извезуваат во Германија, но се и нивни добавувачи овде, да се подготвуват кон новиот Закон за добавувачи, за да не останат без работа. Од 1 јануари во Германија стапува на сила Законот, кој предвидува исполнување на строги правила и стандарди, пред се, за заштита на животната средина и целосно почитување на работничките и човекови права. Фирмите кои нема да ги следат правилата, ќе ги изгубат нарачките.

Целосно почитување на работничките и човековите права значи и почитување на правото на синдикално организирање на работниците, правото на уредување на правата со колективни договори итн.

До сега синдикатите тропаа на вратите на овие компании, а очигледно во нареден период истите менаџери кои го попречуваа синдикалното движење ќе почнат да тропаат на вратата на синдикатот

Повеќе на линкот

https://sitel.com.mk/od-1-vi-januari-samo-firmite-so...

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.