Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЧЕСТИТ 8-ми СЕПТЕМВРИ ДЕН НА НЕЗАВИСНОСТА

По повод празникот 8-ми септември, Денот на независноста, дозволете ми да ги упатам моите искрени честитки до Вас, од име на Сојузот на синдикатите на Македонија и од мое лично име, со желба за просперитет на нашата држава.

Денот на независноста, 8-ми Септември е празникот со кој се одбележува раѓањето и се слави опстојувањето на независна и суверена Македонија.

Овој празник преставува остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу генерации граѓани кои живеа со мислата за слободна и самостојна држава. Овој празник треба да не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале, но и да ни даде сила и мудрост да продолжиме понатаму.

Нека ни е честит и вековит 8-ми Септември, Денот на независноста!

Сојуз на синдикатите на Македонија

Претседател,

м-р Дарко Димовски

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2022 | Сите права се задржани.