- Македонски
- English

Честитка по повод 20 јуни, Денот на градежните работници, до сите градежни работници и до Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Р.Македонија - СГИП, упатува Вршителот на должност Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов.
По повод 20ти јуни, Денот на градежните работници, Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Р.Македонија - СГИП, Иван Пешевски го честита празникот на сите градежни работници во Република Македонија.
Во 1936 година со штрајкот почнува синдикалното организирање на градежните работници, кои ги формираат првите тела и органи. Како нивен синдикат пред нас е голем предизвик и историска одговорност за продолжување на борбата за заштита на правата на работниците и нивно унапредување.
Нашите темелни цели се постојани иницијативи за подобрување на положбата на вработените во градежниот сектор, повисоки плати и подобри услови за работа преку здрави и безбедни работни места.
СГИП работи и врши притисок кон државата како најголемиот инвеститор да им обезбедува работа на домашните работници.
Евентуалниот колапс на градежништвото, би значело колапс врз целата економија, кој ние нема да го дозволиме како единствен репрезентативен синдикат на градежните работници