- Македонски
- English
Во име на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов го честита 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
Големината и богатството на еден народ, се состои, меѓудругото и во неговиот капацитет да ги збогати и другите народи со своите знаења, а улогата на Светите браќа Кирил и Методија на културен и на религиозен план го претставува патот по кој сите ние заедно чекориме.
Нека ни е честит 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.