Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 30 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Во името на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, Дарко Димовски им го честита на сите членови на Македонски полициски синдикат јубилејниот 30-ти роденден и постоење, а истовремено и на сите припадници на Министерството за внатрешни работи за кои Македонскиот полициски синдикат во овие изминати години напорно работи.

Основачкото собрание на МПС е одржано на 29 мај 1992 година, а на 03 февруари 1993 година извршено е запишувањето во регистарот на општествените организации како „Независен синдикат на вработените во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија“.

Нешто подоцна, на својот редовен конгрес, почитувајќи ја желбата на мнозинството членови, го променија своето име во „Македонски полициски синдикат“.

На 28 декември 1994 година, примен е како рамноправен член во рамките на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Македонскиот полициски синдикат е првиот синдикат во историјата на македонскиот синдикализам кој се здоби со статус на репрезентативен синдикат, утврден со решение на надлежната Комисија за утврдување на репрезентативност.

Честит 30 годишен јубилеј.

Дарко Димовски
Претседател
Сојуз на синдикатите на Македонија

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2022 | Сите права се задржани.