Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Честитка по повод 7 Мај, денот на полицијата

Во името на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, Дарко Димовски го честита Денот на полицијата, 7 Мај.

Македонската полиција постои за да им служи на македонските граѓани, да се грижи за секојдневната заштита на нивните животи, лична безбедност и сопственост. Борејќи се против организираниот криминал, заштита на демократските институции, утврдени со Уставот и спротивставувањето и заштита од тероризам, припадниците на Министерството за внатрешни работи придонесуваат кон добросостојбата и напредокот на Република Северна Македонија и нашето општество генерално. 

Ни претставува особена чест што Македонскиот полициски синдикат (МПС) е дел од нашето синдикално семејство и што заедно продолжуваме во заштита и унапредување на правата на сите вработени во нашата држава.

Нека е честит Денот на полицијата, 7 Мај!

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.