- Македонски
- English
Во името на Сојузот на синдикатите на Македонија и во свое лично име, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов им го честита Денот на полицијата, 7 Мај, на сите членови на Македонски полициски синдикат и на сите припадници на Министерството за внатрешни работи.
Македонската полиција постои за да им служи на македонските граѓани, да се грижи за секојдневната заштита на нивните животи, лична безбедност и сопственост, а вработените заслужуваат повисоки плати.
Нека е честит празникот, Денот на полицијата, 7 Мај!