Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 7 МАЈ, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА

Во името на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов  им го честита Денот на полицијата, 7 Мај, на Македонски полициски синдикат и на сите нивни членови,  како и на сите припадници на Министерството за внатрешни работи.

Македонската полиција постои за да им служи на македонските граѓани, да се грижи за секојдневната заштита на нивните животи, лична безбедност и сопственост, а припадниците на полицијата и на Министерството за внатрешни работи заслужуваат повисоки плати, пристојни и безбедни услови за работа и достоинствено вреднување на нивниот труд.

Нека е честит празникот, Денот на полицијата, 7 Мај!

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.