- Македонски
- English


8.9.2016
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски по повод празникот 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија, во име на Сојузот на синдикатите на Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија.
Денот на независноста, 8-ми Септември е празник со кој се одбележува раѓањето и се слави опстојувањето на независна и суверена Република Македонија. Овој празник преставува остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу генерации граѓани кои живеа со мислата за слободна и самостојна држава. Овој празник не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале, но и ни дава сила и мудрост да продолжиме понатаму.
Нека е честит и вековит 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија!
Со почит,
Претседател,
д-р Живко Митревски