Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ - ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов по повод празникот 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, во име на Сојузот на синдикатите на Македонија упатува искрени честитки до сите работници и граѓани на Македонија.

Денот на независноста, 8-ми Септември е празник со кој се одбележува раѓањето и се слави опстојувањето на независна и суверена Република Македонија. Овој празник преставува остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу генерации граѓани кои живееја со мислата за слободна и самостојна држава. Овој празник не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале, но и ни дава сила и мудрост да продолжиме понатаму.

Нека е честит 8-ми Септември, Денот на независноста на Македонија!

Со почит,

Претседател,
Слободан Трендафилов

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.