Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТНИЦИ

По повод 20 јуни, Денот на градежните работници, Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов упатува честитка до Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Р.Македонија - СГИП и го честита празникот на сите градежни работници во Македонија.

Во 1936 година со штрајк почнува синдикалното организирање на градежните работници, кои ги формираат првите тела и органи.

На 20ти Јуни 1936-та година во Скопје, се случил најголемиот штрајк на градежните работници, кој завршил со победа на работниците. Тој датум континуирано до денес се одбележува како Ден на градежните рабитбици и ден на Синдикатот на градежните работници на Македонија.

Синдикат за градежништво - СГИП како единствен синдикат на градежните работници има голема историска одговорност за продолжување на заштитата на градежните работници и нивните работнички права.

Нека е честит денот !

Борбата продолжува !

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.