- Македонски
- English
Во името на Сојузот на синдикатите на Македонија и во мое лично име, го честитам 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ.
Македонската револуционерна борба не обврзува да продолжиме да ја градиме нашата држава како современа, демократска и правна држава во која секој граѓанин и работник ќе гради пристоен живот за себе и за своето семејство.
Единаесетти Октомври е симбол, гордост и традиција на Македонскиот народ во остварувањето на подобра сегашност за денешните и подобра иднина за наредните генерации во Македонија.
Со почит,
Слободан Трендафилов
Претседател на ССМ