- Македонски
- English
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во свое лично име и во името на Сојузот на синдикатите на Македонија, го честита 28 август - Денот на рударите.
Нашиот ангажман, заедно со Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Македонија (СГИП); Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР) и Синдикатот на хемија, неметали и метали на Македонија (СХНМ) е насочен кон постојани иницијативи за подобрување на положбата на вработените во рударскиот сектор, подобри услови за работа и повисоки плати.
Денот на рударите во Македонија е празник на македонските рудари, во спомен на Штрајкот на рударите од Рудникот Лојане, Кумановско во 1929 година за подобрување на работните услови и зголемување на личните доходи.