- Македонски
- English

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во свое лично име и во името на Сојузот на синдикатите на Македонија, го честита 28 август - Денот на рударите
Нашиот ангажман, заедно со Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Македонија (СГИП); Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР) и Синдикатот на хемија, неметали и метали на Македонија (СХНМ) е насочен кон постојани иницијативи за подобрување на положбата на вработените во рударскиот сектор, подобри услови за работа и повисоки плати.
Денот на рударите во Македонија е празник на македонските рудари, по предлог на ССМ, Републички одбор за Македонија - Синдикат на рударските и металургуските работници (денешен Синдикат на индустрија, енергетика и рударство на Македонија - СИЕР) како успомена на првиот штрајк на рударите во рудникот Лојане кој започнал на 28 август 1929 година.