Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 30 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА УПОЗ

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски во свое лично име и во името на Сојузот на синдикатите на Македонија на синдикалците, членови на Синдикатот на УПОЗ при ССМ им го честита одбележувањето на 30 години од формирањето на УПОЗ.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски ја изразува својата синдикална солидарност со членовите на Синдикатот на УПОЗ и порачува дека како што тоа беше случај во изминатиот период, така и во иднина, здружени со иста цел, заедно сме исправени пред предизвиците за заштита и унапредување на работничките права.

Од Републичкиот одбор на управата, правосудството и финансиските организации како дел од Сојузот на синдикатите на Македонија во 1991 година, пред 30 години е формиран Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Р.Македонија (УПОЗ).

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.