- Македонски
- English


ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ
Во име на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов им го честита големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, на сите граѓани и работници со исламска вероисповед.
Во овие празнични денови на слога, заедништво и почит, сите заедно треба да продолжиме кон градење на соживот и подобро општество.
Нека Ви е честит светиот празник Рамазан Бајрам!
Со почит,
Слободан Трендафилов
Претседател на ССМ