Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Честитки по повод денот на независноста

ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД  ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТАПретседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски по повод Осми септември, Денот на независноста на Република Македонија, упати честитки до претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељановски и претседателот на Владата Никола Груевски.

 
Обраќањето гласи:

Во името на Сојузот на синдикатите на Македонија и во мое име, со особена чест Ви упатувам најискрени и срдечни честитки по повод 8 Септември,  Денот на независноста на Република Македонија.

Сојузот на синдикатите на Македонија, како организација на работниците која повеќе од еден век ги брани, ги застапува и се бори за унапредување на правата од работа и интересите на македонските работници, во своето дејствување и во натамошниот период ги поддржува активностите на сите субјекти кои одат во прилог на развој на севкупните демократски процеси во државата, европските и НАТО интеграциските процеси, како и сите оние активности насочени кон подобрување на социјално - економската положба на граѓаните и работниците во Република Македонија.

Во оваа насока, нашата определба останува и натаму дека само со почитување на вредностите на трудот, преку развој на социјалниот дијалог и постигнување консензус, со демократизација на вкупните општествени односи, со продолжување по патот на процесите за приклучување во големото европско семејство, ќе придонесуваме за натамошен просперитет на Република Македонија.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.