Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Четиринаесетта школа на синдикатот за здравство

 

Утре и задутре, на 25 и 26 септември, во хотелот “Дрим“ во Струга ќе се одржи Четиринаесеттата синдикална школа на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

Школата ќе ја отвори Симон Силјановски, претседател на Синдикатот за здравство, додека се очекува присуство на доктор Бујар Османи, министер за здравство.

Прв предавач е магистер Снежана Чичевалиева, раководител на Секторот за европски интеграции и координатор на Програмата на Комитетот за унапредување на здравствениот систем во Република Македонија. Чичевалиева ќе зборува на тема: “Отворен процес за консултации во здравството“.

Инда Костова Савиќ, раководител на Секторот за едукација на Сојузот на синдикатите на Македонија, ќе предава за мобингот, појавата која станува се поприсутна во сите работните средини во Македонија, како и во здравството.

Гордана Славеска, секретар на Синдикатот за здравство, ќе предава на тема “Пресметка и исплата на плати согласно измените и дополнувањата на Колективниот договор за здравствената дејност во РМ“.

Синдикалната школа на Синдикатот за здравство се одржува секоја година, обично на почетокот на есента. На школата присуствуваат голем број синдикални повереници и активисти од здравствените институции, како и други гости. Школата е од отворен тип и се остава доста простор за дискусии и размена на мислења меѓу предавачите и слушателите.

По традиција на школата се зборува за најактуелните проблеми и состојби во здравствениот систем. Така подолг период се дискутираше за реформите во здравството, за што беа повикувани предавачи од  Хрватска, Бугарија, Полска и други земји.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.