Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЧЕТВРТИ ПРОТЕСТ СО БЛОКАДА НА ИЛИНДЕНСКА ПОРАДИ НЕИСПЛАТЕНИ ПЛАТИ ВО ДООЕЛ ФЛОРАКОМ И ДООЕЛ ЛУНА

Вработените од ДООЕЛ Флораком и Луна, кои се фирми-ќерки на ЈП Паркови и зеленило - Скопје заедно со Синдикатот СУТКОЗ и денеска, го изразија својот револт преку блокирање на булеварот „Илинденска“, поради неисплатените плати.

На работниците од овие две фирми и покрај тоа што не им е исплатена плата за јуни месец и се оставени без здравствено осигурување некој од раководството на Паркови и зеленило им се заканувал за да не испаднат на протестот.

Доколку до утре не се исплаѕат платите од понеделник не се исклучува можноста да се искористи правото согласно Законот за јавни претпријатија да се повикаат вработените од другите претпријатија на штрајк од солидарност, а за почеток ќе бидат повикани вработените во ЈП Паркови и зеленило Скопје.

Од понеделник 18.08.2025 година ќе бидат поднесени кривични пријави и тужби против раководството и директорот на ЈП Паркови и зеленило Скопје за загрозувањето на здравјето и животот на вработените и нивните семејствата поради неплатеното здравствено осигурување и неисплатените плати.

Исто така не е исклучено од понеделника вработените со своите семејства да ги блокираат влезовите на град Скопје.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.