Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЧИЈ ИНТЕРЕС Е МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ НАЈНИСКА ОД ЗЕМЈИТЕ ВО РЕГИОНОТ?

Работниците веќе си го поставуваат прашањето чиј интерес е минималната плата во Македонија да биде најниска и да изнесува помалку од 400 евра и да биде пониска за 100, 200 па и 400 евра од минималната плата во регионот, за чија цел се држат македонските работници свесно во сиромаштија и дали некој свесно сака да допринесе за егзодус на работната сила од Македонија?

Па ние останавме последни за жал, иако ССМ бараше зголемување на минималната плата на 450 евра минатата година и бара 500 евра оваа година, за жал наместо да бидеме меѓу првите земји кои ќе ја зголемат минималната плата, ние сме последна земја која остана на дното во регионот и во европа по висината на минималната плата, особено ако се знае дека минималната плата во Црна Гора изнесува 600 со 800 евра, во Босна и Херцеговина 600 евра минимални примања, а сега веќе од октомври месец 500 евра минимална плата и во Србија, истакна Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов за весникот Вечер.

Да потсетиме само дека Србија двапати во иста година ја зголемува минималната плата и тоа од 1 октомври 2025 година минималната плата ќе биде повисока за 9,4 проценти и ќе изнесува 500 евра, а од 1 јануари 2026 година најавено е ново зголемување и истата ќе се зголеми на 550 евра.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.