Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЧЛЕНОВИТЕ НА ШТАЈКУВАЧКИОТ ОДБОР И ОРГАНИТЕ И ТЕЛАТА НА ССМ И СИНДИКАТИТЕ ЗАСТАНУВААТ НА ПРОТЕСТ ПРЕД РАБОТОДАВАЧИТЕ, ЗА ТВОЈАТА ПЛАТА ЗАСТАНИ И ТИ

Од седницата која ќе се одржи на 04.02.2022 година на сите​ штрајкувачки одбори и​ Претседателството и Совет на ССМ, заедно со членовите на органите и телата на синдикатите здружени во ССМ, директно ќе излеземе на протест пред седиштето на Организацијата на работодавачите на Македонија и Стопанската комора и ќе им кажеме дека од пред нив ќе се роди штрајкот доколку во 16 часот не се прифатат барањата за минимална плата од 18.000денари и скалесто зголемување на сите плати.

Не сме задоволни од несериозниот предлог на работодавачите со кој платата би се зголемила на 16.164 денари што за нас е неприфатливо во никој случај кога знаеме дека минималната синдикална потрошувачка кошничка која во моментов изнесува 35.040 денари е за преживување на едно четиричлено семејно домаќинство.

Со предлогот на ССМ​ за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и спирално зголемување на останатите плати, пресметките кажуваат дека ​ од 796 681 вработени​ 14% се на минимална плата​ односно 110 000 вработени ќе добијат веднаш поголема плата, а останатите 686.681 вработени ќе добијат зголемени плати во сооднос со зголемувањето на минималната плата.

Анализата покажува дека само со зголемувањето на износот на минималната плата за 2.800 денари, просечната плата уште веднаш ќе се зголеми за 3,13% односно 911,00 ден или просечна плата од 29.130,00 денари ке се зголеми​ на 30 041,00 денари приближно 500 евра,, а тогаш 60% од просечна плата 30 036,00 денари ќе изнесува 18.025,00 денари со што и минималната плата ќе расте.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.