Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЦРВЕНИ ВО СОЛИДАРНОСТ СО РАБОТНИЦИТЕ

СПОДЕЛИ црвена боја на твојата профилна слика и на твојот профил по повод 1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, за поддршка на сите работници кои ги загубиле своите работни места, не примиле плата и им се прекршени работничките права.

Оваа година, загрижени за здравјето на сите, Сојузот на синдикатите на Македонија, симболично ќе го одбележи денот на трудот, 1ви Мај во вонредни услови, должни да ги почитуваме мерките и протоколите за спречување на ширење на заразната болест Ковид -19.

На традиционалниот синдикален марш, кој симболично ќе се одржи на просторот пред зградата на ССМ, претставници на работниците од сите гранки, во името на 70.000 членови и во името на сите работници, ќе бидат гласни и пораката која ќе ја пратат, ќе биде јасна и недвосмислена, дека силата на работниците е кога тие се ЗДРУЖЕНИ СО ИСТА ЦЕЛ за заштита и унапредување на работнички права.

Приклучи се и дигитално, почитувај ги препораките на здравствените власти, носи заштитна маска, одржувај растојание, не се групирај.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.