Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДА ГО ЗАШТИТИМЕ ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ ВО УСЛОВИ НА ТОПЛОТЕН БРАН

Во насока на справување со најавените високи температури, Сојузот на синдикатите на Македонија бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа , да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот , како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови.

Од особено значење е да се утврдат соодветни мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните , хронично болните и бремените работнички .

Светската здравствена криза и пандемија силно го потенцира значењето на животот и здравјето , поради тоа и во овие услови на екстремном високи температури да го зачуваме здравјето на работниците и граѓаните, тие се двигатели на општеството.

Работодавачи зачувајте го здравјето на работниците тие се ваши партнери!

Работници почитувајте се , спроведувајте ги мерките за безбедност и здравје при работа , а доколку тоа право не ви се почитува пријавете кај вашиот синдикален претставник , претставникот на работниците за БЗР и Државниот инспекторат за труд!

Непочитувањето на работничките права и праватa за безбедност и здравје при работа можете да ги пријавите во Сојузот на синдикатите на Македонија на: prijavi@ssm.org.mk или на телефонскиот број: 070 818 87.

Исто така и преку новата мобилна апликација ССМ - мои работнички права може да се пријави прекршување на Закон и Колективен договор:

Google Play: https://cutt.ly/3bbqgKB

App Store: https://cutt.ly/Jbbqlc7

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2022 | Сите права се задржани.