Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДА НЕ СЕ ДОЗВОЛИ СО ЕУ ЗНАМЕНЦЕ ДА СЕ СИЛУВААТ РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА

На денот на Европа, 9 мај, во името на Сојузот на синдикатите на Македонија ( ССМ ) и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија (СГИП), Ви се обраќаме до Вас како амбасадор на Европската унија во Македонија со ова Барање со цел да Ви укажеме дека Владата на седницата одржана во петокот ( 05.05.2023 година) утврдила предлог Закони кои со злоупотреба на европско знаменце ги доставила вчера во Парламентот и кој итно закажал седница за утрешниот ден за да ја изгласа потребата од носењето на неевропски вредности со европско знаменце во Македонија.

Поединци во Владата и неколку пратеници прават обид со злоупотреба на европското знаменце при носењето на Законите, со европско знаменце да ја силуваат демократијата и да ги силуваат работничките и човековите права, а потоа изговор да им биде дека Европската унија тоа го барала од Владата која со ваквиот потег воведува работно време како пред 137 години со кое овозможува работниците нечовечки да бидат експлоатирани во траење од 72 часа во текот на една недела што е преседан и во светски размери и директен атак врз здравјето и безбедноста на работниците.

Со оваа одлука Владата се однесува како неевропска и не води грижа за животот и здравјето на работниците туку единствено ги гледа своите интереси и интересите на нејзините стратешки партнери, жртвувајќи ги работниците и нивните семејства.

За ваквиот потег и потапки на Владата, од страна на International trade union confederation – ITUC, European trade union confederation – ETUC, European Federation of Building and Woodworkers – EFBWW, Building and Wood Worker's International – BWI најостро беа осудени ваквите намери на Владата, а за истото ќе ја информираат и Европската комисија, дека Владата на Македонија во процесот на преговори со Европската унија, ги прекршува основните постулати на човекови права и работнички права и го погазува пристојното работно време како цивилизациска придобивка, со што воведува вредности во Македонија како во случајот со изградбата на стадионите во „Катар“ за потребите од Светското првенство за што се водат веќе неколку постапки, а Владата со тоа сака случајот „Катар“ да го донесе во срцето на Европа, за што очекуваме и поостра реакција од Ваша страна уште денеска, на денот на Европа, 9 мај, со што ќе биде упатена јасна порака до Владата и пратениците дека не смее да се злоупотребува Европското знаме и европските принципи и стандарди, за воведување на неевропски вредности, неевропски принципи и неевропски стандарди во европска Држава како што е Македонија која во наредниот период сака да стане членка во Европската унија.

Delegation of the European Union, Skopje

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.