Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДАЛИ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА ЌЕ ОДГОВАРА ЗА В.Д ДИРЕКТОР КОЈ ИМА КОНФЛИКТНА СОСТОЈБА НА РАБОТА СО МЕШАНО АНКСИОЗНО И ДЕПРЕСИВНО РАСТРОЈСТВО, ВОЗНЕМИРЕН, СО ЛОШИ МИСЛИ

Синдикатот СУТКОЗ при ССМ како единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности, неколку пати на писмено и преку медиумите предупредува за незаконските активности на новиот в.д Директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Марјанче Митовски кои веќе беа потврдени и со инспекциските надзори од Државниот инспекторат за труд ИП1 бр.09-1530 од 06.10.2022 година и Државниот управен инспекторат ИП1 бр.08-1142 како и тоа дека истиот во никој случај не смее да раководи со јавно претпријатие.

СУТКОЗ и ССМ заедно предупредуваа дека Град Скопје, Градоначалничката Данела Арсовска треба да ги спречат сите незаконски активности на в.д Директор Марјанче Митовски поради тоа што истите можат да значат покрај другото и значителна материјална и финансиска штета за јавното притпријатие Водовод и канализација – Скопје.

Покрај тоа што вработените се плашат и се загрижени за својата безбедност и здравје поради информациите дека раководното лице на институцијата во која работат е осудувано лице за физички напад со нож за што има и правосилна пресуда и решение за упат на издржување на затворска казна, за лицето Митовски има и Извештај од специјалист во кој е утврдено дека Марјанче Митовски има дијагноза F41.2 – Мешано анксиозно и депресивно растројство, а дополнително е наведено дека лицето има конфликтна состојба на работа, напнат, вознемирен, со лоши мисли, нерасположен е...

Синдикатот СУТКОЗ при ССМ за да ги заштити работниците Ве прашува кој ќе ја преземе одговорноста, дали вие како Градоначалничка Арсовска ќе одговарате и ќе ја преземете обврската доколку му се случи нешто на некој работник, како и дали вие ќе одговарате доколку се наруши процесот на функционирање на ЈП Водовод и канализација Скопје како претпријатие од витално значење, особено ако се има во предвид дека ова лице како в.д Директор, има пристап до клучевите од изворот во Рашче од кој се снабдува со вода за пиење Градот Скопје.

Градоначалникот именува директори на јавните претпријатија и градоначалникот разрешува директори на јавни претпријатија и согласно тоа ја сноси целокупната одговорност за нивните постапки и активности, како и ја сноси одговорноста за нивниот избор и назначување.

Доколку не одговорите на ова наше писмено барање за средба во кое ги наведуваме сите опасности кои може да ни се случат нас како вработени и граѓани, значи ја прифаќате одговорноста и Вие лично ќе одговарате за сите понатамошни случувања, а Синдикатот ќе го отпочне штрајкот согласно законските процедури и процедурите утврдени во колективните договори.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.