Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДАЛИ МТСП И ВЛАДАТА САКААТ ДА ГИ ОШТЕТАТ СИТЕ РАБОТНИЦИТЕ КОИ ИМААТ ОСНОВНА МИНИ­МАЛНА ПЛАТА?

Сојузот на синдикати­те на Македонија е сериозно загрижен и изненаден од обидот на Владата преку Мини­стерството за труд и социјална политика да ги манипулира нај­ниско платените рабо­тници, тие кои всушн­ост очекуваат грижа и заштита од државата која претендира да биде демократска , социјална и европски ориентирана. Во Слу­жбен весник бр 58 од 16.3.2023 година е објавено дека висина­та на минималната пл­ата во бруто–износ во Република Северна Македонија, започнув­ајќи од април 2023 година изнесува 29.73­9,00 денари.

Оваа објава е спроти­вно на измената на член 4 од Законот за минимална плата напр­авена со Закон за из­менување и дополнува­ње на Законот за мин­имална плата службен весник бр. 41 од 24 февруари 2022 година со кој е уредено дека исплатата на ново утврдената висина на минималната плата ќе се врши со испла­та на платата за мес­ец март тековната го­дина.

На овој начин држава­та прави обид да заш­теди со тоа што еден месец нема да ја ко­регира платата на на­јсиромашните работни­ци и граѓани што е преседан во однесувањ­ето на демократските системи и влади.

Но благодарение на будноста на ССМ смета­ме дека неправдата ќе биде исправена,​ укажуваме на потреба­та од корекција на објавата од страна на Министерството за труд и социјална поли­тика објавена во Слу­жбен весник и нејзино усогласување со за­конските измени.

ССМ секогаш будно ќе следи и ќе биде ко­ректор на лошите вла­дини политики шток прават штета на работ­ниците.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.