
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИТУЦ/ПЕРК ВО ПОСЕТА НА ССМ
6.7.2016
На 6 jули 2016 година во Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) присуствуваше делегација од Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУЦ) од Пан европскиот регионалниот комитет (ПЕРК) предводена од Извршен секретар за ИТУЦ/ ПЕРК, г-дин Антон Леппик и канцеларискиот координатор за ИТУЦ / ПЕРК, канцеларија Сараево г-ѓа Ениса Салимовиќ, која имаше мисија да одржи одделни состаноци со синдикатите во Македонија.
На состанокот од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија присуствуваа претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, потпретседателот за јавен сектор во ССМ, г-дин. Тихомир Климоски, воедно и претседател Македонскиот полициски синдикат (МПС) и потпретседателот за приватен сектор во ССМ, г-дин. Павел Трендафилов, воедно и претседател Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Македонија.

Слика 1. Раководството на ССМ со делегацијата од ИТУЦ/ПЕРК
На состанокот претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, на делегацијата им ја претстави состојбата во Македонија во однос на синдикалното движење, социјалниот дијалог и колективното договарање како и достигнувањата во однос на законската регулатива која се однесува на работничките права. Исто така на состанокот на делегацијата им беше презентирана новата петгодишна програма за работа на ССМ, усвоена на 19-тиот Конгрес на ССМ.
Како едно од најзначајните прашања кои беа разгледани на состанокот беше и формирањето на Синдикалниот едукативен центар на ССМ, по што делегацијата имаше можност и да ги посети првично опремените простории за таа намена.
По однос на состојбата во јавниот и приватниот сектор во Македонија, осврт дадоа потпретседателите за истите.