Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Денес се одржува четвртиот конгрес на синдикатот сиер

Денес во Охрид се одржува Четвртиот конгрес на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР). На Конгресот ќе се изврши избор на претседател, генерален секретар, Совет, Надзорен одбор и Статутарна комисија.

Претседателот на СИЕР Пеце Ристески пред делегатите ќе го изнесе Извештајот за работа на СИЕР од 2006 до 2010 година. На конгресот ќе се предложат на усвојување Програма за делување за периодот 2011 - 2016 година и Предлог - Статут на СИЕР.

Покрај делегатите и гостите од синдикатите во земјава на Конгресот се поканети гости од сродните синдикати од други земји со кои СИЕР остварува поблиска соработка. Меѓу другите се синдикатот “3 F“ од Данска, “IMF“ од Швајцарија, “EMF - FEM“ од Австрија, “SKEI“ од Словенија, “ССМС“, Слога“ и “Индустрискиот синдикат“ од Србија, Синдикатот на металците од Косово и металските синдикати од Бугарија, Црна Гора и Република Српска.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.