- Македонски
- English

Од 28 до 30 октомври 2022 година, во Охрид, ќе се одржи 32-рата Синдикална школа на Синдикатот на УПОЗ на која тема ќе биде “Новини во Предлог – Законот за вработените во јавниот сектор, Предлог – Законот за административни службеници како и нивната рефлексија врз правата на вработените во управата, локалните самоуправи и правосудните органи”.
Повеќе од 100 учесници беа дел од првиод работен ден на 32-рата Синдикална школа на Синдикатот на УПОЗ.
На почетокот, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски ги поздрави присутните гости и учесници, по што се осфрна на актиелните предизвици со кои се соочува Синдикатот на УПОЗ и натамошното делување на Синдикатот.
За текот на утрешниот ден е планирано експертот Југослав Ѓорѓиевски, да ги запознае учесниците со новините кои ќе следат во Предлог – Законот за вработените во јавниот сектор и Предлог – Законот за административните службеници, по што е планирана и дискусија.