Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Деполитизација и достоинство во образованието, зголемување на плата и Договори на неооределено време за просветните работници

Почитувани,

Во врска со штрајкот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) во образовните институции одлучивме да го заземеме следниот став.

Како дел од Сојузот на синдикат на Македонија го делиме заедничкиот став за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор со зголемувањето на минималната плата за најмалку 2.800 денари што сметаме дека во овој момент е одржливо решение за зголемување на платите на сите.

Освен тоа бараме со Закон за наставници и стручни соработници да се регулира идното зголемување на платите во просветата, процентуално, согласно зголемувањето на минималната плата што ќе придонесе за обединување на интересите на работниците од приватниот и јавниот сектор и елимимација на личните желби и ставови на поединци од кои нема повеќе да зависи зголемувањето на платите во наредниот период.

Деполитизација и достоинство во образованието поради тоа што сме сведоци дека наставниците се злоупотребуваат во партиски каравани, тоа е резултат на сегашниот систем на трансформација на вработувањето од определено во неопределено време со повеќегодишно чекање.

Бараме со Закон за наставници и стручни соработници просветните работници да се реши статусот на вработените на определено време и сите идни вработувања во образованието да бидат на неопределено време доколку ги исполнуваат законските услови. Тоа е прв чекор кон деполитизација и зачувување на дигнитетот на просветните работници.

Доколку СОНК го поддржи ова наше барање ние ќе се приклучиме официјално кон Штрајкот, а се разбира ССМ веќе соопшти дека ги става на располагање своите капацитети во насока на спроведување на активностите кои ги преземаат синдикатите за зголемување на платите за најмалку 2.800 денари во нето избос за сите вработени, вклучително и просветните работници.

Се разбира, нашите членови се интелектуалци и можат секогаш сами да одлучат дали и кога ќе го поддржат штрајкот на СОНК, оставаме на нив секој поединечно да си донесе одлука за приклучување. Никој не смее да прави притискок врз просветните работници, а ние не правиме списоци, не вршиме притисок нити пак ќе наметнуваме наши мислења за или против штрајкот.

Со почит,

Прогресивен Синдикат на Образованието

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2022 | Сите права се задржани.