Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДИГИТАЛНИТЕ АЛАТКИ НА ССМ ЗА ЗАШТИТА НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРЕД МТСП, ДИТ, ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИ

Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат во Државата и како полноправна членка на Европската конфедерација на синдикати – ETUC и дел од Регионалниот синдикален совет солидарност задно со Европската конфедерација на синдикати – ETUC во рамките на проектот „Синдикати за правично закрепнување: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на кризата КОВИД-19“ финансиран од European Commission, Directorate general for Employment, Social Affairs & Inclusion спроведува тридневна обука за тренери за користење на новите дигитални алатки на ССМ за правни застапници и синдикални раководства и за зголемување на медиумската видливоста на ССМ и зајакнување на соработка со МЕДИУМИТЕ преку процесот на дигитализација на синдикализмот во насока на тоа да се спречи кршењето на работничките и социјалните права на работниците и презентирање на новата дигитална алатка ССМ - мои работнички права, СИНДИ - е советник за работнички права.

На обуката учествуваат претставници на медиумите, правни застапници и синдикални раководства од ССМ и синдикатите, претставници на Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд и на истата имаат можност да се текнат со потребни информации за начинот на функционирање дигиталните алатки на ССМ - мои работнички права и СИНДИ - е советник за работнички права, за тајноста на пријавите и начините на заштита на работниците кои пријавуваат прекршување на работничките права.

*Оваа активност е овозможена со поддршка од Проектот: „ Синдикати за правично закрепнување: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на кризата КОВИД-19“ спроведуван од Европската конфедерација на синдикати – ETUC, а финансиран од European Commission, Directorate general for Employment, Social Affairs & Inclusion

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.