Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДИМОВСКИ: ПРОТЕСТОТ НА 12 ДЕКЕМВРИ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТАТА, НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН И К-15 ЗА СИТЕ

„Не темпиравме на 12. декември да е генералниот штрајк. Непочитта доведе до штрајк, ценовните шокови, енергетската криза придонесоа минималната плата да е 18.000 денари, а не како сега што е 15.200. Договорот е кога минималната плата расте и останатите плати да растат. Немаме притисоци досега, имаме апел, по градовите се работи на организацијата. Се прават и штрајкувачки одбори. Ќе ги активираме доколку и понатаму пратениците повторно немаат слух. Протестот на 12. декември ќе има протест за работничките права - зголемување на минимална плата и скалесто покачување на останатите плати, недела неработен ден и измена и дополна - регрес и К15 за сите работници“ - вели Дарко Димовски, претседател на ССМ во Студио 10 на ТВ24.

Работниците на 12-ти декември излегуваат на протест, а потоа можен е и генерален штрајк. Барањата се следни:

Непочитта кон работниците, ценовните шокови, енергетската криза, ниските плати се причините кои доведоа до организирање на протести, вели првиот човек на Сојузот на синдикатите, Дарко Димовски.

Од Сојузот ги повикуваат не само членовите туку и пензионерите и сите граѓани да дадат поддршка на протестот.

Дарко Димовски – Претседател на ССМ - „Во недела ќе направиме протест за време на неработно време, но во меѓувреме се прават и штрајкувачки одбори и ќе повикаме потоа на штрајк, бидејќи штрајк значи изразување на незадоволството на работникот за време на работното време со прекинување на работниот процес. Тоа ќе го направиме доколку пак немаат слух пратениците за се ова што го бараме. Тогаш ќе стапиме во штрајк при што ќе ги организираме сите претрпијатија и фабрики да запрат со работниот процес“

Претседателот на Сојузот на синдикати вели дека орагнизирањето на протестот на 12ти декември - кога владејачката партија СДСМ бира претседател, а опозициската има конгрес не е темпирано. Велат дека политичарите се борат за своите идеали, а работниците за своите права.

Дарко Димовски – Претседател на ССМ - „Се зависи од нас работниците на тој 12-ти. Нас не не интерсира кој прави конгрес, дали едната или другата политичка партија, тоа ни покажува дека секој се бори за своите идеали, тие имаат идеали во своите партии, ние ги застапуваме идеалите на работниците и тоа ни кажува дека дојде времето после 30 години работникот сам да се избори за работничките права да не чека која власт ќе дојде или која пратеничка група треба да гласа за законите, работникот сам мора да си го трасира патот“.

Од Сојузот на синдикатите повторија дека Владата мора да ги замрзне цените на основните прехранбени продукти, со што ќе го заштити животниот стандард на граѓаните. Во моментов минималната плата на работникот во Македонија изнесува 15.200 денари

Повеќе можете да прочитате на линкот:

https://www.24.mk/.../na-12-dekemvri-sindikatite-na-protest

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.