Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДОБЛИЖУВАЊЕ НА СИНДИКАЛИЗМОТ ДО МЛАДИТЕ СТУДЕНТИ

На покана на прфесорот Александар Ристовски од Правниот факултет, Слободан Трендафилов, шеф на кабинет во ССМ улествуваше на онлајн час на кој имаше можност да ги запознае студентите од Правниот факултет од катедрата по трудово право со улогата на ССМ во трипартитниот социјален дијалог и улогата во колективното преговарање.

Студентите добија интересни информации и за значењето и за предизвиците на колективното договарање од синдикален аспект, а беа запознати и со новите дигитални алатки на ССМ изработени во соработка на МОТ како првата бесплатна мобилна апликација ССМ мои работнички права и СИНДИ - е советникот за работнички права.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.