Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДОБЛИЖУВАЊЕ НА СИНДИКАЛИЗМОТ ДО МЛАДИТЕ СТУДЕНТИ

ДОБЛИЖУВАЊЕ НА СИНДИКАЛИЗМОТ ДО МЛАДИТЕ СТУДЕНТИ

Во Сојузот на синдикатите на Македонија гости беа студентите на професорот Александар Ристовски од Катедра по трудово право од Правниот факултет.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов , ССМ, Иван Пешевски, Потпретседател на ССМ за приватен сектор и Дарко Трајкоски Претседател на Секцијата на млади ги запознаа студентите со трипартитниот социјален дијалог и улогата на ССМ во колективното преговарање, новите дигитални алатки на ССМ и сл.

Студентите добија интересни информации и за значењето на ССМ и на синдикатот и подетално добија одговори за предизвиците на колективното договарање од синдикален аспект, за функционирањето на новите дигитални алатки на ССМ изработени во соработка на МОТ како првата бесплатна мобилна апликација ССМ мои работнички права и СИНДИ - е советникот за работнички права.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.