Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДОЈДЕ ВРЕМЕ ВРЕДНАТА РАБОТНИЧКА РАКА ДА СТАНЕ СТИСНАТА ТУПАНИЦА

Бидејќи никој не се јави, одважи и ја изгласа иницијативата на ССМ за минималната плата на работникот да изнесува 60% од просечната или 18.000ден и усогласување и пораст на сите останати плати на работниците и да важи од 1 јануари 2022 година согласно порастот на сите животни трошоци: цените во продавниците,маркетите, пазарите, стујата,парното и се останато... ИМ ,,ЗАБЛАГОДАРУВАМЕ" НА СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И НЕНАРОДНИТЕ ПРАТЕНИЦИ ЗА СЕ ШТО ДОЗВОЛИЈА И ОСТАВИЈА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ПРЕД НОВА ГОДИНА ОСВЕН МИНИМАЛНАТА ПЛАТА И СИТЕ ОСТАНАТИ ПЛАТИ НА РАБОТНИЦИТЕ!!! Ова покажува колку работникот е маргинилизиран и небитен за политичарите и ненародните избраници пратеници! ПА ЗАТОА ДОЈДЕ ВРЕМЕ ВРЕДНАТА РАБОТНИЧКА РАКА ДА СТАНЕ СТИСНАТА ТУПАНИЦА ВО БОРБАТА ЗА ЕГЗИСТЕНЦИЈА!

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.