Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Доколку прашањата не бидат решени преку Социјален дијалог веднаш, ССМ ке го повика работникот и членството на генерален сеработнички штрајк

Средбата помеѓу ССМ и Владата ќе се одржи на 24.01.2022 година по основ на Барањата на ССМ.

Сојузот на синдикатите на Македонија и Владата, согласно предходно договореното и усогласениот термин, на 24.01.2022 година​ ќе ја одржат средбата на која ќе се разговара за барањата на ССМ за:

- потребата од итно зголемување на минимална плата на 18.000ден, како и скалесто зголемување на платите и

- утврдување на правото на регрес за сите работници во јавниот сектор

за кои ССМ укажува дека се нужна и неопходна потреба за опстанок и егзистенција на работниците во време Ковид – 19 пандемија, економска криза, енергетска и топлинска криза.

На средбата, исто така, ССМ ке го постави прашањето до Владата како социјален партнер, а во врска со непримената во целост на законското решение недела, ден за неделен одмор, бидејќи сме сведоци дека од страна на одредени работодавачи кои не со во дејности од исклучоците кои се предвидени да работат во недела, работат (пр: 92 - Дејности на коцкање и обложување,​ итн) и свесно го прекршуваат Законот, а за што ССМ има доставено преставки до трудовиот и пазарниот инспекторат како и до надлежните министерства.

ССМ јавно укажува дека одстапки нема да има и доколку прашањата не бидат решени преку Социјален дијалог веднаш, ССМ ке го повика работникот и членството на генерален сеработнички штрајк!

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.