Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДОПОЛНИТЕЛНИ 10% ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА ВО ПОШТА

ДОПОЛНИТЕЛНИ 10% ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА ВО ПОШТА

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов заедно со Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски и Претседателите на СГИП, Иван Пешевски, на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски и на СРСВМ, Миќо Стојановски го посетија Синдикатот СПТОМ и Претседателот Боро Велигденов во АД Пошта.

На состанокот беше поздравено потпишувањето на Анексот на Колективниот договор со што и вработените во АД Пошта добиваат дополнително зголемување на нивните плати за 10% од месец септември.

Општиот колективен договор за јавен сектор со кој се предвиде дополнителното зголемување на платите во јавниот сектор се применува за сите работодавачи и за сите работници во јавниот сектор, како и за оние работодавачи кои вршат дејност од јавен интерес.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2023 | Сите права се задржани.