Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД ЕФИКАСНО ПОСТАПУВА ПО ПРИЈАВИТЕ ОД ССМ ЗА КОНТРОЛА НА ЗАКОНОТ ЗА НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН

Сојузот на синдикатите на Македонија и Државниот инспекторат за труд имаат добра соработка особено по потпишувањето на Меморандумот за соработка во делот на постапување на пријавите доставени преку апликацијата ССМ – мои работнички права, а особено за почитување на Законот за работните односи во делот на пријавите за недела неработен ден на територијата на целата Државата.

На 14.08.2022 година, во периодот 10.00 до 17.00 часот припадници на Единицата за интервентна полиција во координација со инспектори од Државниот инспекторат за труд на подрачјето на општина Чаир извршиле контроли во објекти на ул.„Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ со цел да се утврди дали работодавачите ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на забраната за работа во недела во оние дејности кои не спаѓаат во исклучоците утврдени со Законот за работни односи.

Од вкупно извршените контроли изречени се 12 мерки, односно издадени се осум решенија за забрана за вршење дејност во рок од 15 дена, три решенија за наредба за засновање работен однос за лица затекнати во објектите без регулиран работен однос и едно решение за опомена за регистрирање на нерегистрирана дејност.

Примената на Законите не смее да биде селективна, а вчерашната акција покажа дека работниците можат да пријавуваат до ССМ преку мобилната апликација ССМ – мои работнички права прекршување на Законите и колективните договори, а по поднесените пријави, Државниот инспекторат за труд постапува брзо, ефикасно и неселективно.

ССМ преку своите работнички патроли во сите градови и понатаму ќе пријавува неправилности како и прекршување на работнички права во недела против сите несовесни работодавачи кои мислат дека се над законот.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.