Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД СО ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ ЗА НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ДИТ

Се известуваат сите работодавачи дека од 01.01.2022 година влегуваат во сила измените и дополнувањата на Законот за работните односи (Сл. Весник на РСМ бр.288/2021) со кои во член 134 став 2 е регулирано дека, „ден на неделен одмор е недела“.

Измените и дополнувањата на Законот за работните односи (Сл. Весник на РСМ бр.288/2021) можете да го најдете на следниот линк:

https://dit.gov.mk/?page_id=624

и Правилниците кои произлегуваат од измените и дополнувањата на законот, можете да ги најдете на следниот линк:

https://dit.gov.mk/?page_id=622

Работниците кај работодавачите од трговија на големо и мало, денот на неделен одмор го користат во согласност со Законот за изменување и допoлнување на Законот за трговија (Службен Весник бр.295/2021), кој може да го најдете на следниот линк:

https://dit.gov.mk/?page_id=624

Пред започнување на вршење на работа во недела, работодавачите се должни да го известат Државниот инспекторат на труд на пропишан образец- Известување за вршење работа во недела, кој може да се најде на веб страницата на Државниот инспекторат за труд на следниот линк:
https://dit.gov.mk/.../%D0%9E%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0...

Известувањето за вршење работа во недела, работодавачите можат да го достават електронски на следната меил адреса: rabotavonedela@dit.gov.mk или во архивите на подрачните одделенија на ДИТ како и во централната архива во седиштето на ДИТ на бул. Партизански одреди бр.48А, Скопје.

Дополнителни информации за подрачните одделенија, регионите и контакт информации и телефонските броеви на инспекторите по подрачни одделенија можете да добиете на следниот линк:

https://dit.gov.mk/?page_id=192

Со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања, Државниот инспекторат за труд воспоставува дежурства во недела по региони. Ги охрабруваме сите работници на кои ќе им бидат прекршени нивните права во врска со работата во недела, спротивно на законските прописи, да пријават во Државниот инспекторат за труд.

Пријавувањето може да го направат на неколку начини:

– на веб страницата на ДИТ (https://www.dit.gov.mk) анонимно или како пријава од познат подносител,

– со поднесување на пријава во архивите на подрачните одделенија и во централата на ДИТ од понеделник до петок од 8.30 до 16.30,

– преку кол центарот повикувајќи го бројот 15131 од понеделник до петок од 8.30 до 16.30, и

– во недела почнувајќи од 2 јануари 2022 година од 8.30 до 16.30 часот на дежурните инспектори по региони (информации со податоци за дежурни инспектори во неделите во месец јануари 2022 можете да добиете на следниот линк: https://dit.gov.mk/?p=9833

Со ова известување Државниот инспекторат за труд сака уште еднаш да нагласи дека при инспекциските надзори приоритет ќе биде доследната примена на овие законски норми а со цел заштита на правата на работниците.

Државен инспекторат за труд

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2022 | Сите права се задржани.