Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Дваесет и прва синдикална школа на упоз

 

На 26, 27 и 28 февруари во Охрид се одржува Дваесет и првата синдикална школа на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ). На школата ќе учествуваат околу шеесет членови на УПОЗ.

“Новините во Предлог – Законот за јавни службеници и Предлог – Законот за здруженија и фондации“ е тема на која ќе зборува предавачот Борче Давитковски, професор на Правниот факултет “Јустинијан Први“ од Скопје.

Раководителот на Секторот за работни односи и правна заштита на ССМ Драге Јованоски ќе предава на тема “Предлог – Закон за мобинг“. Предлог – Законот е подготвен од страна на службите на ССМ и наскоро ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија.

“Отказот како правен инструмент за престанок на работниот однос“ е тема со која ќе настапи Осман Кадриу, професор на Универзитетот “ФОН“ од Скопје.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.