Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЕДИНСТВЕНА ВЛАДА КОЈА СТАВА РАКА ВРЗ КОЛЕКТИВНОТО ДОГОВАРАЊЕ И ВРЗ СИНДИКАТИТЕ

Владата не бира средства на кој начин да ги замолчи синдикатите и да ги стави под нивна контрола, прво преку мерките кои значат намалување на плати, губење на работните места и укинување на колективните договори, сега и со Правилниот донесен од страна на Министерката за труд и социјална политика, Тренчевска со кое се оневозможува секое идно регистрирање на Колективните договори.

Правилникот е донесен само еден ден по завршување на седницата на Економско- социјалниот совет на која не се спомна ниту се дискутираше за таков правилник, а уште полошо е што Владините претставници ги убедуваа синдикалците дека нема такво нешто како укинување на колективни договори или ограничување на регистрацијата на колективните договири итн., а тоа што предупредуваа синдикатите дека се случува, а Владините претставници го негираа, било подготвено и само ден подоцна е потпишано од страна на Министерката Тренчевска.

На Владата со нејзините непромислени активности единствено и успеа да ги здружи сите синдикати за одбрана од нејзините лоши анти социјалдемократски вредности, а незадоволството само се зголемува.

Синдикатот на УПОЗ испрати порака

СРЕЌНА НОВА ‘49

Автократија или социјал – демократија? Ударите врз работниците и синдикатите не престануваат.

Од денес на сила e против уставен и против законски правилник со кој Министерот за финансии станува суверен, а државата пробува да стави рака врз синдикатите.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.