Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

една од причините зошто продуктивноста е лоша, се токму ниските плати

Практично, една од причините зошто продуктивноста е лоша, се токму ниските плати.

Тоа важи и за целиот Балкан, објаснува проф. Бранимир Јовановиќ кој заедно со Драган Тевдовски и Виктор Стојковски со поддршка од Friedrich-Ebert-Stiftung Skopje за Сојуз на синдикатите на Македонија ја изработија Анализата за Минималната плата во Република Северна Македонија и нејзините ефекти врз работењето на фирмите која многу скоро ќе биде промовирана.

-Ние правевме студија, со Драган Тевдовски и со Виктор Стојковски за тоа кои се ефектите од покачувањето на минималната плата во Македонија врз работењето на фирмите. Студијата е готова, завршена е, само треба да се објави. Истражуван е периодот од 2017 година со покачувањето на минималната плата. Резултатите од таа студија покажуваат дека нема никаков негативен ефект од покачувањето на минималната плата врз работењето на фирмите. Не се отпуштаат вработените, не се намалува профитабилноста на фирмите, нема друг негативен ефект. Единствениот ефект што се забележува е дека, кога ќе се зголеми минималната плата, фирмите стануваат попродуктивни и тоа е логично, зашто кога, на пример, ќе му ја зголемите платата на работникот од 10.000 на 12.000, ќе се чувствува позадоволен, ќе биде помотивиран и затоа ќе биде и попродуктивен. И фирмите добиваат. Тоа е резултатот од студијата и е направена за, буквално, сите фирми во Македонија, без разлика на дејноста. Тоа се однесува и на ова, ново зголемување што се најавува. Ова најавено зголемување на минималната плата нема да им донесе негативни ефекти на фирмите, туку, напротив, ќе им го подобри. Практично, една од причините зошто продуктивноста е лоша, се токму ниските плати. Тоа важи и за целиот Балкан, објаснува Јовановиќ.

Повеќе можете да прочитате на линкот

https://sitel.com.mk/povisoka-minimalna-plata-pogolema...

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.