Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЕДНОГЛАСНО, 300 ЧЛЕНОВИ НА ШТРАЈКУВАЧКИТЕ ОДБОРИ И ОРГАНИТЕ НА ССМ ДОНЕСОА

Сојузот на синдикатите на Македонија организираше протест со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови и работниците од работниот однос за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати на работниците согласно зголемувањето на минималната плата.

Протестот на кој учествуваа само членовите на највисоките органи и тела заедно со штрајкувачките одбори  започна на 04.02.2022 година во 13.30 часот во Скопје пред седиштето на Организацијата на работодавачите на Македонија во зградата на Стопанската комора на Северна Македонија.

Денеска само членовите највисоките органи и тела на ССМ и синдикатите застанаа пред работодавачите и едногласно донесоа одлуки на најтранспарентен начин пред седиштето на ОРМ И СКСМ:

-ОДЛУКА за организирање на собир пред Собранието на Македонија на 10.02.2022 година со почеток во 11 часот со општ повик до сите граѓани, работници и синдикати за поддршка на пратениците веднаш да го изгласаат законот за минимална плата од 18.000 денари и спирално зголемување на останатите плати

-ОДЛУКА за организирање други облици на притисок, блокирање на фабрики, институции и патишта со предходна најава и организација.

Што им порачаа нашите колеги можете да видите на линкот.

 

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.