Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Егзистенцијата на работниците ќе биде неизвесна со „плата во плико“, вели Трендафилов

Во однос на предлог-законот „плата во плик“, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, рече дека за жал, биле дел од работната група што изготвувала такво законско решение.

„Меѓутоа, законското решение што планираат да го протнат преку предлог на Владата до Собранието и легализацијата на плаќањето во плик и враќањето пред 2009 година во општеството во Македонија, односно работниците да ги направиме модерни робови, на кои ќе им плаќаме придонеси од 290 денари дневно да може на дневна основа да ги повикуваат како сакаат и кога сакаат работодавците и да ги отпуштаат кога сакаат и како сакаат, мене ме потсетува на едно телевизиско шоу во Америка кога ги бркаат работниците на каков начин сакаат“, вели Трендафилов.

Според него, недозволиво е во Македонија, во 21 век, во земја кандидат за членка на ЕУ, да враќаме и да формализираме неформална економија.

„Затоа што сакаме сè е што е незаконско во ова општество да го озакониме и на таков начин да кажеме дека повеќе немаме незаконски појави. Поразително е да предлагате закон со кој ќе го елиминирате Законот за работните односи. Патем, овие работници нема да имаат договор за вработување, нема да знаат за никаква своја иднина и егзистенција, нема да може да подигнат кредит и нема да имаат никаква гаранција. Ако законот се применува на таков начин, предлагачите нека пробаат први, па нека кажат како им е“, додаде Трендафилов

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.