Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

EPSU - ЕВРОПСКИ СИНДИКАТ ЗА ЈАВЕН СЕКТОР СО ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА НА ССМ ВО БОРБАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА 60 ЧАСОВНО РАБОТНО ВРЕМЕ

Прекумерното работно време претставува сериозна закана за здравјето и безбедноста и ја загрозува испораката на безбедни и квалитетни јавни услуги. ITUC веќе укажа како предлозите се спротивставуваат на меѓународните стандарди на трудот. Понатаму би нагласиле дека како земја-кандидат, Северна Македонија треба да се погрижи да се усогласи со социјалното законодавство на ЕУ и, како што знаете, Директивата за работното време е апсолутно во центарот на вниманието.

Се здружуваме со ITUC во повикувањето на Владата на Северна Македонија да ја повлече оваа иницијатива и целосно да се ангажира со социјалните партнери за секоја планирана ревизија на трудовото законодавство. Ние внимателно ќе ја следиме ситуацијата во консултација со нашите соработници во Северна Македонија и очекуваме позитивен одговор од вас за овие критични прашања.

EPSU лобираше и водеше многу силни кампањи во изминатите години за да ја брани Директивата за работното време и да се осигура дека таа е правилно спроведена низ Европа. Ова е од клучно значење за многу од нашите членови кои обезбедуваат витални итни и други јавни услуги. Затоа, нè загрижува што предлозите за реформа на трудот ќе им овозможат на работодавците да ги заобиколат регулативите за работното време и да доведат до работно време од 60 часа неделно.

Ви пишуваме за да ја изразиме нашата загриженост во врска со предлозите на вашата влада за промена на трудовото законодавство со брза процедура без соодветна консултација со социјалните партнери. За ова бевме предупредени од нашите соработници во Северна Македонија и нашиот став е во силна поддршка на писмото до Вас од Меѓународната конфедерација на синдикати, од 27 април - се вели во писмото до Димитар Ковачевски, Претседателот на Владата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.