Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЕСС ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА ССМ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА 2 НОВИ КОНВЕНЦИИ НА МОТ ЗА БЗР ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО И РУДНИЦИТЕ

На денешната седница на Економско социјалниот совет беше прифатена иницијативата за ратификување на Конвенцијата за БЗР во градежништво( бр.167) и за ратификување на Конвенцијата за безбедност и здравје при работа во рудниците бр.176 со што по завршување на сите процедури истите ќе дтанат дел од правниот поредок во Македонија и значително ќе придонесат за унапредување на безбедноста и здравјето на работниците во овие дејности.

ССМ секогаш се јавува како иницијатор на усвојувањето на конвенциите на МОТ, посебно оние кои се значајни за трудовите и социјалните односи. Преку Економско – социјалниот совет, учеството во работата на собраниските комисии и воопшто преку својата општа агенда ССМ настојува меѓународните конвенции да се ратификуваат од македонската држава и потоа да се имплементираат во македонското законодавство.

ССМ заедно со СГИП до Економско социјалниот совет поднесе иницијатива за Ратификација на Конвенција за БЗР во градежништво( бр.167), поради тоа што работниците во градежништвото се изложени на поголем ризик на работните места затоа што работат на секаков вид на локации, најчесто на височина и на различни временски услови, а заедно со Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Македонија - СИЕР доставија барање до Економско - социјалниот Совет за ратификација на Конвенција за безбедност и здравје при работа во рудниците бр.176.

Во изминатиот период со поддршка на Меѓународната организација на трудот беа изработени функционални анализи за секоја од нив, беа изработени промотивни видеа за промоција и подигнување на свеста од потребата за ратификување на конвенциите, беше одржана презентација на истите.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2023 | Сите права се задржани.