Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЕСС СВЕДЕН НА ПИСМЕНИ ЗАБЕЛЕШКИ И ПИСМЕНИ ОДГОВОРИ

Вчера се одржа седница на Економско социјалниот совет за која МТСП преку соопштение објави дека има социјален дијалог и дека сите учествуваат и дека функционира социјалниот дијалог во Државата.

За жал реалноста е дека социјален дијалог нема, а има социјален монолог.

Владините претставници немаат конкретно образложение на ниту едно прашање на претставниците на работниците, социјалниот дијалог е сведен на ЌЕ ги разгледаме вашите барања и на писмено ќе Ви одговориме, ние го донесовме правилникот, планот, буџетот итн., а ако имате забелешки доставете ги на писмено и ќе добиете писмен одговор итн.

Владините претставници не дадоа никакво образложение за до­несениот Правилник за постапката за дост­авување и регистрира­ње на колективните договори и нивните из­мени до надлежниот државен орган и начин­от на водење на евид­енцијата на доставен­ите колективни догов­ори Сл. Весник бр.223 од 19 октомври 2022 година со кој МТСП грубо ги крши одредбите од Конвенцијата бр 154 за колективно договарање,151 Конвенција за работни односи ( јавна служба ) и Конвенцијата 150 за администрацијата на трудот кои се ратификувани во нашата држава и на тој начин се дел од националното трудово законодавство.

Иако наведените конвенции , како и добрите практики од демократските држави во нашето опкружување , Европа и светот укажуваат на должноста на националните власти да го промовираат , поддржуваат и охрабруваат колективното договарање и во приватниот и во јавниот сектор , очигледна е тенденцијата на МТСП со ваквиот текст на Правилникот да го попречува , контролира и ревидира колективното договарање и социјалниот дијалог во земјата .

На овој начин се врши и грубо кршење на правото на синдикално организирање и здружување , се дерогира социјалниот дијалог и се злоупотребуваат работничките и човекови права во државата.

Ваквото толкување од страна на МТСП е преседан во историјата на синдикалното организирање и делување, а ССМ заедно со гранските синдикати истиот ќе го оспори пред уставниот суд и ќе ја информира Меѓународната организација на трудот за прекршените конвенции на МОТ.

Владините претставници не дадоа никакво образложение ниту на Пл­анот за фискална одр­жливост и поддршка на економскиот раст: политики, препораки, мерки и индикатори со заклучоци од 88 седница на Владата со кој се укинуваат ко­лективните договори, се намалуваат плати­те на вработените во јавниот сектор, се спроведуваат постапки за принудни одмори, се спроведуваат по­стапки за кратење на работните места и отпуштање на вработени и сл., освен дека нема да има губење на работните места и намалување на платите, а реалноста е сосема спротивна и ги демантира ваквите изјави на владините претставници.

Нема ниту образложение на пр­ичините за дискримин­аторскиот однос на Владата и Министерств­ото за финансии при зголемувањето на пла­тите на вработените во јавниот сектор, по кои критериуми и согласно која методол­огија се врши дискри­минацијата како во случајот кога министерот за финансии, Бесими кој не дозволи зголемување на платите на вработените во јавниот сектор, прв постапи по барањето на ССМ од генералниот штрајк со зголемува­ње на платите на вработените во Минист­ерството за финансии кои ќе добијат 30% зголемување на плата, наспроти тоа што вработени­те во Министерство за труд и социјална политика за кои е надлежна министерката Тренчевска за кои не се избори да добијат покачување на плата односно кои добиваат 0% зголемување на плата, итн.

Нема одговор ниту на прашањата на ССМ и работниците за причините поради кои во буџетот нема предвидено средства за додатоци на плата односно има предвидено 0 евра за исплата на истите, како и за тоа кои се причините поради кои во буџетот има предвидено само 27 милиони евра за зголемување на платите за цел јавен сектор што ни од далеку не значи дека владата се грижи за своите вработени туку значи дека ги остава сами да се справуваат со последиците од енергетскатаи економската криза, а ќе потроши 5 милијарди евра буџет.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.