Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЕТУЦ И РСС СОЛИДАРНОСТ СПРОВЕДУВААТ ТРИДНЕВНА ОБУКА ЗА СИНДИКАТИТЕ ОД БАЛКАНОТ ВО ССМ

На 12.03.2025г. во просториите на Работничкиот Дом на ССМ се одржа првиот ден од планираните тридневните активности како дел од обуката за синдикална обнова на Регионалниот Синдикален Совет СОЛИДАРНОСТ со поддршка на Европската Конфедерација на Синдикати (ETUC).

Обуката беше водена од страна на експертите Florentin Iancu од Романија UNI South-East Europe Organizing Center (SEEOC) и Andraž Mali од Словенија Center for Social Research (CEDRA), со присуство и дополнителна експертиза на советникот на ETUC при Комитетот за колективно договарање и координација на платите Giovanni Casale и ETUC Project Officer Elisabeth Terren, како и со синдикални преставници на повеќе синдикати од регионот покрај Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ), како што се Сојуз на самостојни синдикати на Босна и Херцеговина (SSSBiH), Сојуз на Синдикатите на Црна Гора (CTUM), Сојуз на Синдикати на Република Српска, Унија на Слободни Синдикати на Црна Гора - УССЦГ (UFTUM) и Сојуз на самостојни синдикати на Србија - СССС (CATUS).

На првата обука беа изнесени ставовите на претавниците на синдикатите од регионот во врска со теми поврзани со синдикално организирање, членување во синдикатот и бенефициите кој секој работник би ги добил како иден синдикален член, а се со цел да се обезбеди зголемување на синдикалното членство и приближување на синдикатот до граѓаните и работниците.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.